Албанскиот премиер ги претставува природните убавини на Северна Македонија како дел од Албанија.
“Прекрасна Албанија. Кањон Лешница”, напиша Рама на својот Фејсбук профил со фотографија од водопадот на реката Лешница на Шар Планина.
https://www.facebook.com/edirama.al/posts/10158188017011523
Останува прашањето дали македонското Министерство за надворешни работи ќе реагира на оваа провокација на албанскиот премиер.
По овој пост, на социјалните мрежи беа испратени жестоки коментари за албанскиот премиер Рама, како и бројни критики.