3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународна истрага: Валкани пари поминувале низ најголемите светски банки

Меѓународна истрага: Валкани пари поминувале низ најголемите светски банки

Астрономските износи на “валкани” пари со години минувале низ најголемите банкарски институции во светот, откри истрагата на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), која го осудува недостатокот на контрола врз овој сектор.

„Профитот од крвавите војни со дрогата, проневерените средства на земјите во развој и украдените заработени заштеди по принцип на пирамидата Понзи можеа да влезат и да излезат од овие финансиски институции, и покрај предупредувањата од вработените во банката“, според истрагата спроведена од 108 меѓународни медиуми од 88  земји.

Истрагата се заснова на илјадници извештаи за сомнителни активности испратени до финансиските полициски служби на Министерството за финансии на САД, FinCen, од страна на банки од целиот свет.

„Овие документи, составени од банките и споделени со владата, но далеку од јавноста, откриваат дупки во банкарските гаранции и леснотијата со која криминалците ги искористуваат“, истакнува американскиот Buzzfeed News во воведот на истрагата.

Тие документи се однесуваат на 2.000 милијарди долари во трансакции, кои циркулирале во периодот од 1999 до 2017 година.

Истрагата упатува на пет големи банки: JPMorgan Chase, HSBC, Standard Chartered, Deutsche Bank и Bank of New York Mellon, обвинети за продолжување на трансферот на средства на осомничени криминалци, дури и откако биле гонети или осудени за финансиски криминал.

На крајот од истражувањето, Buzzfeed News наведува дека мрежите низ кои валканите пари патуваат низ светот „станале витални артерии на светската економија“.

Во изјавата, Deutsche Bank рече дека податоците на Конзорциумот се „добро познати“ информации на нивните регулатори и дека тие посветиле значителни износи на зајакнување на своите контроли и почитување на нивните одговорности и обврски.

Истрагата укажува и на неможноста на американските власти да ги регулираат овие трансакции.

Во изјавата издадена пред објавувањето на истрагата, финансиската полиција предупреди дека објавувањето извештаи за сомнителни активности е „кривично дело што може да има влијание врз националната безбедност на Соединетите држави“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП