понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаКОМПАНИИНа чива страна сте: Бил Гејтс или Илон Маск?

На чива страна сте: Бил Гејтс или Илон Маск?

Технолошките магнати Бил Гејтс и Илон Маск ретко зборуваат директно еден за друг, иако е познато дека не размислуваат исто за многу работи. Овој пат, Маск одлучи да одговори на корисник на Твитер кој го праша што мисли за една од изјавите на Гејтс.

Гејтс неодамна зборуваше за електричните возила и иднината на користење на енергетски ресурси.

Тој смета дека поевтините и поквалитетни батерии ќе ги направат електричните возила, и попристапни и попривлечни за клиентите, но истовремено истакна дека се сомнева во тоа колку долго можат да траат батериите кои напојуваат толку големи возила, особено на подолги релации.

“Електричната енергија е добра кога станува збор за пократки растојанија, но ни треба друго решение за големите автомобили што патуваат на долги растојанија. Без разлика колку е напредна технологијата што се користи за производството на батерии, прашањето е колку се електричните возила практични во такви ситуации”, рече Гејтс.

Гејтс ги пофали и компаниите кои наскоро ќе претстават целосно електрични камиони – General Motors, Rivian, Bollinger и Ford. Но не го спомна Cybertruck на Тесла.

Еден корисник на Твитер го праша Маск што мисли за тврдењата на Гејтс, на што добил кратко: „Тој нема појма“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП