Друштвото во првите шест месеци од 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги како и од други споредни дејности оствари негативен финансиски резултат, односно загуба од 12,65 мил. денари.
Вкупните приходи за шест месеци од 2020 год. изнесуваат 78,72 мил. денари и се намалени за 57%, додека пак приходите од продажба се намалени за 74% во однос на претходната 2019 година. Сето тоа е директна последица од пандемијата на вирусот Ковид-19.
Вкупните трошоци и расходи од работењето за првите шест месеци од 2020 год. изнесуваат 91,37 мил. денари и се намалени за 25% во однос на 2019 година.
Негативниот финасиски резултат од работењето Друштвото го оставри во услови на прогласена вонредна состојба во Државата, поради пандемијата на вирусот Ковид-19 , како и согласно Одлуката на Владата за привремео затворање на сите угостителски објекти кон која се приклучи и “Македонијатурист” АД Скопје што како последица се одрази во голема мера во работењето на хотелско угостителската дејност, поради откажување на сите аранжмани, затворање на границите и аеродромите уште во почетокот на месец март во 2020 година.
Финансискиот резултат можете да го погледнете тука.