18 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

ДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

Јога диетата претставува збир на правила кои иако се крајно едноставни, даваат одлични резултати видливи на вагата, но и на телесните пропорции.

Не мора да вежбате јога за да ги усвоите долните правила. Ваквата исхрана ве потикнува да ги користите производите кои се корисни за вашето тело и кои релативно лесно се наоѓаат, а нивниот извор е – природата. Значи, не мора да користите разни видови на вештачки витамини и хранливи апчиња, затоа што неопходните супстанци секојдневно ги добивате со внесување на квалитетни и добро избалансирани намирници.

Со јога диетата може да водите здрав и исполнет живот, истовремено штитејќи го телото од разни заболувања и болести. Оваа диета ја поддржува природната рамнотежа на природните сили во телото, збогатувајќи ги органите и ткивата со корисни нутритиви и ја подигнува менталната енергија. Правилата на јога диетата се прилично едноставни и разбирливи.

Основни правила на јога диетата

– Никогаш не јадете стоејќи

– Јадете три оброка дневно

– Никогаш не ја подгревајте храната повторно

– Пијте 6 – 8 чаши вода дневно. Немојте да ја замените водата со чај, сокови и останати пијалоци

– Избегнувајте пржена храна, оваа храна е многу тешка за варење и го иритира желудникот

– Направете ја храната привлечна, на пример украсете ја со свежи растенија

 

Пример на диетен план:

Прв појадок: 150 – 200 гр од било кое овошје

Втор појадок: Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл), 100 – 150 гр посно варено месо, (телешко, јунешко, риба или пилешко без кожа ), салата од свеж зеленчук без додатоци (можете да ја зачините со сок од лимон).

Ручек: Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл), 100 – 150 гр сирење или варено јајце, салата од свеж зеленчук без додатоци (освен сок од лимон), чаша обезмастен јогурт или млеко.

Вечера: 150 – 200 грама од било кое овошје.

joga_dijeta-02

Може да јадете различна храна. На пример, денес јадете рибна чорба и риба. Утре јадете пилешка супа и пилешко месо. Може да направите многу едноставна салата од зелка, цвекло, моркови, лук. Варијациите се многубројни, а единствено ограничување е вашата фантазија.

Распоредот на оброците со два појадока дава можност оброците да ги распоредите така што нема да гладувате и лесно ќе се прилагодува на било кој дневен ритам. Оброците се со избалансирана исхрана и телото не страда од недостаток на витамини и минерали.

Ефектот на јога диетата може значително да го подобрите со секојдневни физички активности. Иако го носи името во кое се споменува јога – не е неопходно да вежбате јога – доволна е и четириесет минутна брза прошетка, возење велосипед или пливање. Важно е секојдневно да ги имате овие активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП