18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропскиот фудбал поради пандемијата ќе изгуби 4 милијарди евра

Европскиот фудбал поради пандемијата ќе изгуби 4 милијарди евра

Европските фудбалски клубови очекуваат во текот на оваа и следната година да изгубат вкупно четири милијарди евра поради пандемијата од коронавирус, според Европската асоцијација на клубови.

ECA во својата студија проценува дека клубовите од 55 европски земји оваа сезона ќе имаат загуба од 1,6 милијарди евра, а 2,4 милијарди ќе претрпат загуба во сезоната 2020/2021 година, при што студијата не вклучува заработка од периодот на транзиција.

„Резултатите покажуваат дека финансиското влијание на коронавирусот врз европските клубови веќе во овој момент е еден вид сеизмолошки шок. „За жал, тој шок ќе продолжи и следната сезона, па ова ќе биде вистинска егзистенцијална фудбалска криза“, изјави Чарли Маршал, извршен директор на ECA.

Поради пандемијата, нагло падна вредноста на самите играчи и клубови, а играњето натпревари пред празни трибини дополнително ја загрози заработката на клубовите.

Во 10-те лиги опфатени од истражувањето на ECA, вклучувајќи ги и петте најсилни и најбогати – англиска, француска, германска, италијанска и шпанска, клубовите оваа сезона се соочуваат со загуба од 400 милиони евра од непродадени билети, а таа сума ќе биде трипати поголема од следната сезона, ако натпреварите се играат без гледачи.

Се предвидува голем пад на платите на самите играчи, а претстојниот преоден рок ќе обезбеди вистинска слика за тоа колку фудбалот е погоден од пандемијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП