ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Италија ќе ја помага автоиндустријата

Владата на Италија ќе ја помага автоиндустријата

italija2

Италијанската влада одлучи да започне план со мерки за поттикнување на автомобилската индустрија, стратешкиот сектор за економијата на земјата.

Иницијативата на италијанската влада за поддршка на автомобилската индустрија следеше по низа консултации со Националната асоцијација на автоиндустриските филијали, пренесува АФП.

Тие мерки подразбираат заедничка иницијатива на јавниот и приватниот сектор кои имаат за цел да ги почнат активностите во преработувачкиот сектор кој претставува еден од столбовите на италијанската економија со дел од 11,4 проценти од БДП во кој се вработени 1,2 милиони луѓе.

Овој проект е насочен на конкретните резултати во поглед на автоиндустријата, посебното поттикнување на инвестициите и интернационализацијата на компаниите, стои во соопштението.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП