ПочетнаЕКОНОМИЈАСите швајцарски службени лица мора да одат со воз на службени патувања

Сите швајцарски службени лица мора да одат со воз на службени патувања

Швајцарската влада одлучи сите службени лица на федерално ниво да одат на службени патувања со воз, каде тоа е можно, а не со авион.

Според изјавата, тоа е во согласност со минатогодишната одлука до 2030 година да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 30 проценти, и колку што е можно повеќе и да се инсистира на “зелена енергија”.

Во соопштението се наведува и списокот на градови во кои до 1 јули сите федерални службеници мора да патуваат со воз, а меѓу нив се, меѓу другите, Париз, Фиренца, Лајпциг и Салцбург.

Нагласено е дека патувањето со воз ќе биде задолжително, без оглед на тоа што е побавно од патувањето со авион, пренесува AP.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП