Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Интервју со Томе Талевски, сопственик на “Тргокожа Битола”- создаваме чевли од природна кожа со многу љубов и внимание!

Време: 07:45

Датум: јуни 9, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Денар: Тргокожа Битола е македонска компанија која создава рачно изработени чевли и сандали, создадени од најквалитетна кожа и креирани со големо внимание, резултат на долга традиција во занаетчиството. Колку долго вашето семејство се бави со оваа дејност?

Почетоците беа во далечните 30-ти години од минатиот век кога мојот дедо беше чирак на негови 14 години кај еден мајстор во старата битолска чаршија, занаетот го учеше со љубов, стана калфа, а потоа и мајстор на својот занает. Тој целиот негов работен век го помина во неговиот дуќан во старата битолска чаршија, се до 1989  година кога мојот татко го отвори дуќанот за продажба на готови чевли веднаш откако беше дозволено да се отвораат приватни фирми. Нашата фирма ,,Тргокожа Битола’’ беше една од првите продажни компании во градот Битола.

Долги години потоа продававме обувки од италијанско производство но и од македонско производство, но секогаш во нас постоеше желбата да почнеме нешто свое од идеја, дизајн до изработка на финален производ, идеја за производство на чевли, рачно изработени во кои ќе се препознае врвното мајсторство и искуство на битолските занаетчии. Па  така во 2003 година набавивме машини и опрема од Италија за почеток за  мало и скромно производство. Со амбиција секоја година да правиме мали чекори кон развој на нашиот бренд за чевли ТК (Тргокожа Битола).

Денар: Многу брзо ќе ставите во функција нови машини, со што ќе бидете во можност да произведувате по 300 пара чевли дневно. Сериозен потфат кој ќе донесе бенефит за Битола и регионот. До каде се планираните активности?

Оваа  година изградивме и нова хала и набавивме нова опрема за поголем капацитет на производство така да планот е за скоро да стигнеме од оптимална бројка од 300 пара чевли на ден. Тоа ќе ни овозможи, се надеваме брзо да почнеме и со извоз во соседните држави каде што веќе договараме соработка. За почеток со компании од Грција, па понатаму и со компании од другите земји. Ќе видиме како ќе се движат работите, оптимисти сме, пред се бидејќи имаме добар и квалитетен производ.

Денар: ФИТРпрепозна потенцијал во проектот на Тргокожа Македонски рачно изработени чевли и сандали и го поддржа. Колку тоа дополнително Ве мотивира во работата?

Тоа посебно не мотивира и затоа ние дополнително се одлучивме сериозно да инвестираме во нова хала и машини за поголем капацитет. Оптимисти сме, ги финализираме работите, по што се надеваме дека целиот овој труд, и три децениски сон ќе даде резултати.

Денар: Вашите производи се изработени од природен материјал-специјално обработена природна кожа без користење хемиски средства, која доаѓа од Италија. Кажете ни нешто повеќе!

Ние во производство користиме исклучиво  природна кожа  од Италија и за сандалите користиме  посебна кожа вагета која се изработува во пределот Тоскана во Италија и која е препознатлива во цел свет и во моментот е тренд секаде во светот. Чевлите се пред се удобни, лесни и пријатни за носење, а потоа и со модерен дизајн, што ги прави да бидат вистински моден детаљ, за оние со префинет вкус.

Денар: Честопати велите дека вашите чевли сандали се пријатели на животната средина. Зошто е тоа така?

Да се надополнам на претходното прашање,  нашите сандали  се пријатели на животната средина бидејќи се изработени од природна вагета кожа која е изработена од природни бои без хемикалии кои се штетни за околината и за здравјето на човекот. И во процесот на нивно производство внимаваме да не ја загадуваме животната средина, и да креираме што помалку отпад.

Денар: Каде може да се купат вашите производи?

Нашите производи можат да се купат во старата битолска чаршија   во нашиот дуќан кој постои од 1935 година   и онлајн преку нашата веб страна, а за кратко време ќе можат да се купат и во Скопје и Охрид. Наредната година ние во план нашите ТК чевли да ги има  во секој град во Македонија.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Фетел: Не очекував Леклер да се обиде да ме претекне

    Фетел: Не очекував Леклер да се обиде да ме претекне

    Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел го сподели своето мислење за судир со тимскиот колега Шарл Леклер во првиот круг од денешната трка, втора оваа сезона…

  • Агуеро ќе го пропушти реваншот против Реал

    Агуеро ќе го пропушти реваншот против Реал

    Кун Агуеро ќе го пропушти осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Најдобриот стрелец на Манчестер сити се повреди пред неколку недели на…

  • Нови 136 лица заразени со Ковид-19, починати 6 и 123 оздравени

    Нови 136 лица заразени со Ковид-19, починати 6 и 123 оздравени

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7,…

  • Партиите ветуваат дека ќе тече „мед  и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Партиите ветуваат дека ќе тече „мед и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Пораст на минималната и просечната плата, раст на пензиите, намалување на даноци, инфраструктура тешка милијарди евра… Политичките партии во предизвборните програми веетуваат дека и покрај…

  • Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија, надалеку позната како бастион на дискретното, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богатите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот:…

  • Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со…

  • Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до…

  • Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Високи претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. „Одлуката на турскиот Државен совет да поништи…

  • Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во…