ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ги отвора границите за граѓаните на ЕУ

Швајцарија ги отвора границите за граѓаните на ЕУ

На земјите членки на Европската унија, вклучително и Британците, како и граѓаните на Шенген зоната, ќе им биде дозволено да влезат во земјата од 15 јуни, одлучи Швајцарскиот Федерален совет, пренесува schengenvisainfo.com.

Граѓаните на Норвешка, Лихтенштајн и Исланд ќе можат да влезат, а како што претходно изјави Швајцарија, ќе го одложи отворањето на границата со Италија.

Швајцарските власти соопштија дека е премногу рано да се укинат граничните контроли со Италија, велејќи дека тие ќе мора да координираат отворање на границите со италијанските власти.

Според соопштението на Швајцарскиот федерален совет, нивната одлука е во согласност со одлуката на многу европски земји, повеќувајќи се на фактот дека и неколку други земји, како Франција и Исланд, истиот ден ќе ги отворат своите граници.

За евентуалното укинување на дополнителните ограничувања за земјите од третиот свет ќе се одлучи подоцна, во консултација со земјите од Шенген зоната.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП