20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Јапонија успеа да го намали бројот на пушачи

Како Јапонија успеа да го намали бројот на пушачи

Трендот на намалување на продажбата на цигари во Јапонија помеѓу 2011 и 2019 година, одговара на растот на продажбата на производи за загревање наместо горење тутун HTP (Heated Tobacco Products), според експертската студија на американски истражувачи од Јужна Каролина и Канада.

Резултатите од најновото истражување, објавено кон крајот на мај, укажуваат на поврзаност на драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија од 2016 година со растот на продажбата на уреди кои го загреваат а не го горат тутунот.

Автори на оваа студија се Мајкл Камингс и Џорџ Нахас од Медицинскиот универзитет Чарлстон во Јужна Каролина и професорот Дејвид Свинор од Универзитетот во Отава во Канада, кои користеле податоци од Институтот за тутун во Јапонија и извештаи од тутунскиот гигант Филип Морис Интернационал (Philip Morris International).

Според нив, замената на традиционалните цигари со уреди што загреваат наместо да го горат тутунот, има голем потенцијал да поттикне стратегија за намалување на штетите во однос на последиците од долгорочното пушење цигари.

Јапонија е првата област за продажба на уреди заснована на оваа иновативна технологија, а Филип Морис го претстави IQOS на овој пазар на крајот на 2014 година, додека две години подоцна, се појавија уреди од други производители базирани на технологија за греење на тутун.

Според претходните анализи, Јапонија во моментов е најразвиениот пазар во однос на бројот на корисници на не-запаллива технологија на тутун.

Резултатите од оваа студија покажуваат дека, помеѓу 2011 и минатата година, вкупната продажба на класични цигари опаднала за 38 проценти. Конкретно, продажбата на цигари се намалувала бавно, но стабилно во текот на четиригодишниот период од 2011 до 2015 година.

Во последните пет години, драстично се намалило пушењето на цигари, додека расте бројот на корисници на уреди што загреваат наместо да го горат тутунот, што ги наведува истражувачите да заклучат дека забрзаниот пад на продажбата на цигари во Јапонија од 2016 година одговара на воведувањето и растот на продажбата на HTP (Heated Tobacco Products).

Студијата на американските и канадски истражувачи беше објавена во швајцарското списание MDPI, кое ја поддржува научната заедница.

Резултатите од оваа студија, во голема мерка се потпираат на претходни истражувања на истата тема, спроведени во рамките на Американското здружение за борба против рак, објавено минатата година во британскиот медицински журнал за контрола на тутун (British Medical Journal on Tobacco Control).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП