19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.06.2020

Дневен хороскоп 02.06.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Понекогаш едноставно треба да делувате без размислување со цел да го добиете вистинското чувство кое го барате. Размислете уште еднаш за нештата кои намерно сте ги оставиле недовршени. Денес втората половина од денот поминете ја во омиленото кафуле, опуштете се во малку понеформален облик.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе ви биде тешко да пронајдете енергија и време за сите работи кои морате да ги довршите. Верувате во своите способности и ќе постигнете се доколку ги офрлите нештата кои непотребно ви го одземаат времето. Побарајте совет за некој проблем од вашиот пријател во знакот на Водолија.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате високо поставена цел за работите кои денес сакате да ги завршите. Не се фокусирајте само на главната цел, започнете од помалите обврски. Денес ќе бидете позитивно изненадени од зборовите на некој пријател кој ќе ви се отвори. Радоста е голема и на љубовен план.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Претераната самодоверба која денес ја чувствувате може прилично да ве исцрпи бидејќи понекогаш непотребно давате се од себе, всушност многу повеќе од тоа што можете да си го дозволите. Верувањето во некои блиски лица ќе ви создаде проблеми, внимавајте на кого му се доверувате. Искористете ја вашата енергија за креативни нешта.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес можно е да имате проблеми со партнерот поради непријатниот аспект на Месечината и Венера. Потпрете се на вашата внатрешна сила и нека не ве водат нереалните стравови кои ве опседнале. Партнерот искрено ќе ве посоветува што е потребно да направите, не му се лутете за тоа. На работа ќе имате премногу обврски, па затоа бидте дисциплинирани.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Стоите на врв на патот но тешко ви е да видите што и како понатаму. Потпрете се на луѓето околу себе кои можат да ви помогнат. Сепак не заборавајте дека вие сте личноста која на крајот мора да донесе одлука. Дадете се од себе и одлучете се за една опција. Потоа тргнете храбро напред и не се завртувајте наназад.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашата планета Венера ве води денес во непознат правец. Вашите мечтаења потполно ве заслепуваат, но благодарение на стравот од се што ви изгледа несигурно нема да влетате со главата во ѕид. Запомнете дека решението не е во брзината на решавање на проблемот. Добро размислете што сакате и како ќе дојдете до тоа пред да тргнете напред.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес бидете внимателни во своите постапки и зборови. Размислете пред да направите нешто нагло и извинете се доколку нешто погрешно направите. Одложете ги важните одлуки за ден-два, додека да смислите стратегија бидејќи денешните постапки ќе имаат влијание во вашата иднина.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашите мисли за љубовта денес се комплицирани, а идејата да бидете блиску до лицето кое го сакате може да се промени, па да не знаете што всушност сакате. Не паѓајте на емотивен план. Работните обврски денес ќе ги извршувате лесно, па можно е да забележите и некој поголем успех.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Внимавајте денес на кого му ја давате довербата со цел да не се најдете во проблеми на кои не сте сметале. Пријателите или колегите на кои им верувате можат да ве изненадат негативно. Вашето расудување денес не е најдобро па затоа не донесувајте важни одлуки кои долгорочно ќе имаат влијание врз вас.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви се отвораат многу нови можности, па на вас ви е тешко да се одлучите за една. Одете чекор по чекор, не морате денес да ги донесете сите одлуки. Опциите ќе ви бидат отворени и утре, задутре. Бидете трпеливи и доследни и ќе успеете да воспоставите контрола. Прво завршете ги старите обврски и работи.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се чини дека ја гледате вистинската слика за се околу вас и знаете како треба да се поставите. Сепак размислете уште еднаш пред да делувате бидејќи вашиот поглед е многу едноставен, а ситуацијата комплицирана па можно е да пропуштите нешто. Вашиот позитивен став пред другите ќе изгледа како слеп оптимизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП