25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ќе го продолжи договорот со Дибала до 2025 година

Јувентус ќе го продолжи договорот со Дибала до 2025 година

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „Ла Газета дело Спорт“.

Новиот договор на 26-годишниот играч ќе важи до 2025 година. Преговорите за потпишување на договорот ќе започнат веднаш штом агентот на аргентинскиот фудбалер пристигне во Торино.

Платата на Дибала, која сега е 7,5 милиони евра годишно, ќе биде зголемена, а во договорот ќе бидат наведени и бонусите.

Оваа сезона фудбалерот во Серија А одигра 24 натпревари, постигнувајќи седум гола и остварувајќи осум асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП