29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕрера откри зошто се мајтапеле со Халанд

Ерера откри зошто се мајтапеле со Халанд

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Андер Ерера открил зошто тој и неговите соиграчи му се потсмевале на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Борусија во првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на шампионите победи 2:1, меѓутоа во реваншот „светците“ славеа со 2:0 и се пласираа во четврт-финалето.

Халнад во првиот меч ги постигна двата гола за Борусија, а вниманието го привлече со начинот на кој ги прославуваше головите.

По реваншот во Париз, фудбалерите на ПСЖ, му се потсмеваа на норвешкиот напаѓач.

„По првиот натпревар ја славеа победата, објавија неколку непримерни фотографии на официјалниот профил на „Твитер“. Кажаа дека тие не мора да купуваат супер-ѕвезди, туку дека тие произведуваат такви играчи, тоа не погоди. Никогаш не е добро кога ќе ги изнервирате Мбапе и Најмар“, рекол Ерера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП