17 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуска финансиска „инекција“ за Заубер

Руска финансиска „инекција“ за Заубер

PAPHOTO4_470615

Ф1 тимот, Заубер ги реши своите финансиски проблеми, откако склучи договори со три руски партнери. Како дел од оваа врска од следната сезона во тимот ќе се приклучи рускиот пилот Сергеј Сироткин.

Тимот на Петер Заубер објави дека парафирале договори со Меѓународниот фонд за инвестициска соработка, Државниот фонд за развој на Северозападниот регион на Руската федерација и Националниот институт за воздухопловни технологии.

17-годишниот Сироткин во моментов учествува во сериите „Формула Рено 3.5“. Според информациите, тој мора да биде подготвен за да стане тркачки пилот на Заубер во 2014-та година.

Во моментов болидите на Заубер ги возат, Мексиканецот Естебан Гутиерес и Германецот Нико Хулкенберг, кој се очекува да си замине на крајот од сезоната.

Минатата недела од Заубер објавија дека бараат финансиери за да обезбедат учество во Формула 1 и следната сезона. Основачот и сопственик на тимот, Петер Заубер призна дека има заостанати долгови кон некои од добавувачите. Но сега со новите договори се очекува сите проблеми да бидат решени, а со тоа и следната сезона да го гледаме тимот на Заубер во Ф1 циркусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП