18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа премиерлигашите ќе им биде понудено тестирање на коронавирус двапати неделно

На премиерлигашите ќе им биде понудено тестирање на коронавирус двапати неделно

На клубовите од англиската Премиер лига ќе им биде понудено најмалку двапати неделно да ги тестираат фудбалерите и персоналот за евентуално присуство на коронавирус, пренесува „Скај спортс“.

Според изворот, оваа мерка може да се примени доколку владата на Велика Британија дозволи враќање на тренинзите. Се известува дека релевантните предлози ги подготвил Марк Џилет, медицински советник на премиерот, по консултациите со надлежните од шпанската Ла Лига и германската Бундес лига.

Тестовите ќе ги плаќа Премиер лигата. Овој предлог ќе биде разгледан во текот на денешниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП