29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА донесе одлука за учеството на тимовите во евротурнирите

УЕФА донесе одлука за учеството на тимовите во евротурнирите

Идните учесници на европските клупски турнири ќе бидат утврдени само врз основа на резултатите што ги постигнале на соодветните првенства, доколку тие не успеат да завршат.

Конкретно, ќе се погледне кој тим колку поени има освоено од соодветниот број на натпревари, затоа што не секаде се одиграни ист број на натпревари.

Ова беше решено на денешната средба на Извршниот комитет на УЕФА, пренесува „Тајмс“. Ова значи дека се елиминирана можноста да се утврдат учесниците според клупските коефициенти.

Во последните денови се разговараше за опцијата да не се води сметка за рангирањето на тимовите во моментот кога е прекинато првенството, туку да се гледа коефициентот на секој клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП