ПочетнаКУЛТУРААндреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на католичкиот Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано, а концертот, според најавата, треба да биде симбол на љубовта, заедништвото и заздравување во ерата на коронавирусот и ќе се пренесува преку интернет.

Бочели ќе го придружува само катедралниот оргулист Емануеле Вијанели и заедно ќе изведат дела од сакрална музика, вклучувајќи ја и „Санта Марија“ од Пјетро Маскањи.

Концертот ќе се емитува на јутјуб-каналот на Бочели.

„Чест и задоволство ми е што бев поканет од Градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва, верувам во Велигден, универзален симбол на повторното раѓање, што сега ни е потребно на сите, и на верниците и на оние што тоа не се“, рече славниот тенор.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП