19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве купи и продаде играч за 24 часа!

Јуве купи и продаде играч за 24 часа!

juve

За помалку од 24 часа Јувентус ги откупи целосно правата на Чиро Имобиле, а потоа продаде 50 проценти од нив.

„Старата Дама“ држеше 50 проценти од правата на фудбалерот, а другите 50 проценти беа на Џенова.

Италијанскиот шампион и плати на Џенова 2.75 милиони евра за да ги откупи од нив правата кои ги имаа за Имобиле.

Неколку часа подоцна Јувентус продаде 50 проценти од правата на младинскиот репрезентативец на Италија на Торино и тоа повторно за 2.75 милиони евра.

Минатата сезона 23-годишниот фудбалер играше во Џенова, а следната ќе настапува во тимот на Торино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП