24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛампард: Хадсон Одои во целост закрепна од коронавирусот

Лампард: Хадсон Одои во целост закрепна од коронавирусот

Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Oдoи во целост се опорави од коронавирусот, соопшти менаџерот на „сините“, Френк Лампард.

Тој беше првиот играч во Премиер лигата кој беше позитивен на Ковид-19 по што целиот ростер на „Стемфорд Бриџ“ заврши во карантин.

-Разговарав со Калум во првата недела по дијагностицирање на болеста. Беше чудно време. За среќа не патеше многу и мило ми што сето тоа мина, рече Лампард.

Претходно и Микел Артета, менаџерот на Арсенал, изјави дека е излекуван од коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП