16 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.03.2020

Дневен хороскоп 27.03.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Шефовите од вас очекуваат нешто што вие не сте подготвени да го дадете. Не трпете неправда иако тоа може да ве чини нешто. Имате голема можност за избор кога станува збор за љубовта, но вие сте прилично пасивни по тоа прашање.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Барате начин да успеете во работата со странство, но сега не е време. Ќе бидете во прилика да донесете некоја важна одлука. Односите со партнерот се генерално осетливи, а повремено и необични.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Лошата концентрација може да ве доведе до крупни грешки. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирните води на љубовта. Постои можност да се појави некоја личност од минатото.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Немирни сте и не ги обавувате работите навремено. Во моментот лоша е ситуацијата во која се наоѓате, но тоа е само моментално. Немојте да ја пренесувате вашата тенизија, особено ако станува збор за напнатост во емотивниот дел од животот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некој ќе ви даде подршка кога станува збор за некоја нова работа и тоа вас многу пријатно ќе ве изненади. Потребен ви е некој кој ги разбира вашите емотивни проблеми и кој добро ве познава. Можни се проблеми со органите за дишење.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Немате трпение да комуницирате со лицата од вашата блиска околина. Во љубовта сте подготвени да се впуштите во многу нешта само за да си обезбедите мир, но постојано сте критикувани за постапките. Намалете ги нервозните реакции.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Еден соработник е подготвен да ви помогне. Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Колегијални сте и околината го цени тоа. Имате на кого да се потпрете и смирено прифаќате се што судбината наменила за вас. Многу сте комуникативни, романитчни и подготвени да прифатите туѓи совети.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Одлично ја проценувате ситуацијата, но најверојатно ќе донесете одлука која не ви оди во корист. Водите разговори кои не носат ефекти освен ако не се работи за некои крајно неважни работи. Здравствената ситуација ви е доста подобра.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Премногу сте осетливи на туѓите критики. Некој сака да ја злоупотреби вашата наклонетост. На праг сте кон периодот кој може да значи можност да го средите вашиот љубовен живот и конечно да доживеете олеснување. Можна е појава на алергија.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат ненадејни загуби. Бидете подготвени за средба со лице кое може да го искомплицира вашиот љубовен живот. Здравствената ситуација можете да ја поправите со редовно консумирање на витамини и минерали.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате сатисфакција да се покренете себе и да успеете во она што сте го замислиле. Ако бидете истрајни и не дозволите никој да ве провоцира, можете да очекувате успех. Љубовниот живот ви е исклучително напнат. Можни се проблеми со зглобовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП