20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ја плати клаузулата за Илјараменди

Реал ја плати клаузулата за Илјараменди

lra

Раководството на Реал Мадрид утринава во канцелариите на Професионалната фудбалска лига (LFP) ја депонира клаузулата за откуп на халфот на Реал Сосиедад, Асиер Илјараменди.

„Кралевите“ ги платија предвидените 30 милиони евра и се очекува во најскоро време официјално прогласување на трансферот.

Според медиумите во Шпанија раководството на Реал ќе плати меѓу 36 и 38 милиони евра за целиот трансфер, сума во која ќе бидат пресметани и даноците.

Утринава баскискиот играч не се појави во тренинг-базата на Реал Сосиедад. Се очекува тој да потпише договор за пет години со Реал Мадрид и ќе зема по околу 2.5 милиони евра по сезона.

Денес фудбалерот ќе се појави на прес-конференција во Сан Себастијан на која ќе се збогува со „бело-сините“. Во следните неколку дена се очекува Илјараменди да ги мине задолжителните лекарски прегледи во Мадрид, по што и официјално ќе биде претставен како нов играч на „кралевите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП