ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 12 заболени од коронавирус во земјата

Нови 12 заболени од коронавирус во земјата

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 12 случаи на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство. Заболените лица се од Скопје (7) и Куманово (5).

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19, денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

– Скопје (88)

– Дебар (40) – од кои 1 починат

– Куманово (8) – од кои 1 починат

– Штип (7)

– Кавадарци (2)

– Охрид (2)

– Гостивар (1)

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП