29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдидас го „позлати“ Озил

Адидас го „позлати“ Озил

real_star_oezil_laeuft_zu_adidas_ueber_evo_580x326

Адидас уште еднаш успеа да го надитри Најк. Германската компанија успеа Месут Озил да го оттргне од канџите на нејзиниот ривал. За да ја остварат целта, сепак мораа да го „позлатат“.

„Трите линии“ му исплатија 24 милиони евра за да го имаат за свое лице до 2020-та година. Сумата ќе се зголеми за уште неколку милиони, ако Месут стане повторно шампион на Шпанија, дојде до светската титула или „Златната топка“.

Според медиумите во Германија парите се оправдани. Халфот на Реал има 2.4 милиони следбеници на Твитер. Освен тоа е идол на тинејџерите со турски корени кои сакаат да купат се што носи тој.

„Преговорите беа долги, бидејќи таков договор треба да се разгледа“, објави таткото на Озил, Мустафа.

Месут дојде лично во седиштето на Адидас во Херцогенаурах за да го потпише договорот.

Од Најк сепак веднаш најавија тужба против него. Американците тврдат дека тој го прекршил договорот со нив, кој истече сега, поради тоа што носел опрема на Адидас од пред шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП