29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажан економскиот форум

Откажан економскиот форум

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург е откажан и ќе се одржи во 2021 година.

Фондацијата Roscongress, која е организатор на форумот, објави дека годинашниот форум е откажан поради одлуката на Светската здравствена организација да прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво поради појавата на коронавирусот.

На почетокот на март откажувањето на форумот во 2020 година го најави претседателот на организацискиот комитет на форумот, Андреј Белоушов.

Форумот требаше да се одржи од 3 до 6 јуни 2020 година.

Минатата година се собраа над 19.000 учесници од 145 земји, со што се постави рекорд во историјата на настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП