19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев диригираше, Џенова победи на „Сан Сиро“ (видео)

Пандев диригираше, Џенова победи на „Сан Сиро“ (видео)

Горан Пандев и Џенова го нокаутираа Милан на „Сан Сиро“, во 26 коло во Серија. Џенова со победата 2.1 освои значајни бодови во борбата за опстанок во лигата, додека Милан направија три чекори назад во борбата за местата кои водат во Лига Европа или Лигата на шампионите.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ја најави големата победа на Џенова во седмата минута. Пандев го постигна седмиот гол сезонава. Тој заедно со капитенот Доменико Кришито е најдобар стрелец на тимот.

Добрата игра во првиот дел Џенова ја круниса со уште еден гол. Во 39 минута Беговиќ го совлада Касата.

Милан играше поактивно во вториот дел меѓутоа не успеа да го избегне поразот. Ибрахимовиќ само успеа во 77 минута да го намали резултатот.

Попладнево блесна уште еден ветеран во Серија А. Првиот стрелец на градскиот ривал на Џенова, Сампдорија Фабио Кваљареал, постигна два гола во победата на неговиот тим над Џенова 2:1.

Верона водеше на „Луиџи Ферарис“ со голот на Закања од 32 минута. Пресвртот во финишот на мечот го направи Кваљарела со головите во 77 и 86 минута.

Во првиот меч од денешната програма СПАЛ ја изненади Парма на „Енио Тардини“ со победата од 1:0. Единствениот гол од пенал го постигна Петања во 71 минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП