27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Поточиња“ на 21 и 22 март во МОБ

„Поточиња“ на 21 и 22 март во МОБ

Почетокот на пролетта во Скопје е резервиран за уште една детска забава. Фестивалскиот викенд на 21 и 22 март ќе помине во знакот на 17. издание на детскиот фестивал „Поточиња“.

Разиграни, распеани, а на сцената единствени, „Поточиња“ се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски, како домаќин и водител под маската на Поки, ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните „Поточиња“ ќе ги претстават новите песни и изненадувања.

„Поточиња“ во Македонска опера и балет за 21 и 22 март ги претставува следните термини и тоа од 11:00 ч, 13:00 ч и 18:00 часот во двата дена. Билетите се по цена од 250 денари и се достапни на следните продажни локации: Продажна мрежа МК Тикетс, Југотон, билетарница на МОБ и онлајн – www.karti.com.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП