28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 22-23.02.2020

Викенд хороскоп 22-23.02.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Воспоставувате нов систем, се обидувате да пронајдете некое свое место под сонцето. Посветеноста кон домот и ближните е она што ве прави толерантни и подготвени да покажете повеќе грижа. Ве очекува минлива несоница.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Одите напред пред другите и сакате да примените некои нови идеи кои се проверено добри. Луѓето зборуваат за промени, но во суштина не ги сакаат. И вие ќе мора да направите некои промени, иако на почетокот малку ќе ве вознемират.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат некои нови деловни можности. Резултатот од деловниот разговор ќе биде поволен, можете да очекувате понатамошен позитивен тек. Односот со саканото лице е лош, потребни ви се повеќе слобода и разновидност. Ве очекува помал здравствен проблем.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот свет. Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Можни се поволни вести поврзани со парите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доволно сте умешни да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтните ситуации. Понекогаш треба да го исклучите разумот. Во љубовта слушајте се себе си и дозволете некои ваши чувства да испливаат на виделина.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате разновидни интереси, но не можете да се одредите за најдоброто решение. Со желба за лично докажување ќе го направите тоа што другите не можат. Влијанието на амбициозната Шкорпија ќе ве поттике да ја засените својата околина. Премногу емотивните искази ќе го провоцираат вашиот партнер.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех и можност за голема заработка, не се откажувајте, и самите знаете дека нема да биде лесно.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се задржувате премногу околу една работа и не можете да се организирате никако. Оптеретени сте повеќе од вообичаено. Во љубовта ќе ви одговараат заедничните моменти со саканото лице и ќе бидете изненадени колку тоа позитивно делува на вас.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендов ќе бидете повикани од пријатели кои одамна не сте ги виделе и кои со задоволство ќе бидат во вашето друштво. Доколку сте во брак или подолга врска, не очекувајте дека партнерот ќе се смени преку ноќ и ќе стане поопуштен. Од време на време ќе морате да ја поднесувате неговата нервоза.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Потребно е добро да ги процените своите можности и да донесете сериозна одлука. Ќе увидите дека ништо не е случајно. Во љубовта рационално користете ја својата енергија и време. Планирајте емотивна средба или некоја возбудлива забава за двајца.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој викенд ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни, ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП