25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНови проблеми за Мурињо, се повреди Сон

Нови проблеми за Мурињо, се повреди Сон

Напаѓачот на Тотенхем Сон-мин ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на рамото, соопшти клубот од северен Лондон.

Репрезентативецот на Јужна Кореа на натпреварот со Астон Вила, а кој постигна два гола во победата 3:2, доживеал фрактура на рамото.

Клубот не прецизира колкава пауза го очекува Сон, но сигурно е дека неколку недели ќе биде надвор од екипата.

Тоа значи дека Сон ќе ги пропушти натпреварите со Лајпциг во осмина-финалето во Лигата на шампионите, односно дуелите со Челси, Вулверхемптон, Норич во ФА купот и Барнли.

Повредата на Сон е дополнителен удар за Жозе Мурињо кој до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на капитенот Хари Кејн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП