29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАл Фајед го продава Фулам

Ал Фајед го продава Фулам

fayed-377139

Сопственикот на Фулам, Мохамед ал Фајед преговара за продажба на клубот, известуваат медиумите во Англија. Според информациите како заинтересиран купувач се споменува сопственикот на НФЛ тимот Џексонвил Џагуарс, Шад Кан.

Евентуалната зделка може да биде завршена уште пред почетокот на новата сезона. Но најамбициозната опција е Ал Фајед да го продаде клубот до крајот на неделава.

Египетскиот бизнисмен е сопственик на Фулам од 1997-та година, кога го купи клубот за 6.25 милиони фунти. За тоа време тој ја инвестираше околу 200 милиони фунти во клубот од Лондон.

Причините за продажбата на Фулам се дека 84-годишниот бизнисмен нема повеќе желба да го предводи клубот и да инвестира во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП