16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвенец во Серија А: Елмас погоди за Наполи и заплака од среќа(видео)

Првенец во Серија А: Елмас погоди за Наполи и заплака од среќа(видео)

Елиф Елмас го постигна првенец во Наполи во Серија А. Македонскиот репрезентативец го прослави на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Сампдорија во последниот меч од 22. коло.

Елмас е во стартниот состав на наполитанците во мечот што е во тек и во листата на стрелци се впиша во 16. минута по асистенција на Ди Лоренцо. Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.

Наполи води на полувреме со 2:1. Првиот гол за гостите беше дело на Аркадиуш Милик во третата минута, Елмас зголеми на 2:0 во 16. минута, а голот за домашните го реализира Фабио Квалјарела во 26. минута од пенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП