19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска нови цени на горивата

Од денеска нови цени на горивата

Малопродажната цена на бензините се намали за половина денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, така синоќа одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена што се применува од ноќеска на полноќ на Еуросупер БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 се продава по 69,50 денари за литар, Еуродизелот по 60 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство 49 денари.

Со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се намалува цената и на мазутот која сега изнесува 36,395 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,06 отсто или за 12,100 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 2,74 отсто или за 15,400 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,57 отсто или за 14,200 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 5,34 отсто или за околу 24,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,45 денари и е за 0,348 отсто повисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП