29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанија го одбрани европскиот ракометен трон, Хрватите само сребрени

Шпанија го одбрани европскиот ракометен трон, Хрватите само сребрени

Шпанија останува најдобрата европска ракометна репрезентација, откако со 22:20 во драматичен меч ја победија Хрватска, која го играше своето прво финале по десет години.

Во меч полн со пресврти, Шпанците се покажаа како постабилни во финишот на мечот, казнувајќи ги сите грешки на „Каубојците“ – откако поведоа со 21:20, Игор Карачиќ направи бизарна грешка со чекори, дозволувајќи да го решат мечот со два гола предност.

Хрватите имаа подобар старт на мечот, поведувајќи со 8:6, но потоа повеќе од десет минути не постигнаа гол, дозволувајќи Шпанија да има 12:11 предност на полувреме. „Фуријата“ имаше брз старт на второто полувреме, отварајќи предност од 16:12, но потоа Хрватите се вратија во игра и поведе со 19:18, меѓутоа, искуството на Шпанците го направи своето, пред Алекс Душебаев да го постигне шампионскиот гол.

Вчера, бронзата отиде кај Норвешка по победата над Словенија.

Алекс Гомез со пет гола беше најефикасен во тимот на Жорди Ривера, додека МВП на турнирот, Домагој Дувњак имаше пет гола за Хрватска, а Карачиќ заврши со четири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП