28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 25-26.01.2020

Викенд хороскоп 25-26.01.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто. Во љубовта ситуацијата е стабилна.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Обрнете им внимание на сигналите кои вашите колеги ви ги упатуваат. Не ги игнорирајте нивните предупредувања. Чувствувате емотивен немир. Имате чувство дека сте во некаков вид на љубовен ребус со саканото лице.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви претстојат пријатни деловни разговори. Иако во тајност повлекувате некои потези, вашиот труд и залагање на работното место не поминале незабележано. Наскоро ќе бидете наградени.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Една женска личност може да одигра значајна улога во ублажувањето на непремостливите разлики во мислењето меѓу членовите на вашето семејство. Ова подобрување на расположението ќе ја поврати вашата раздрмана самодоверба.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Многу нешта ви задаваат проблеми, редно време е да ја промените политиката. Помеѓу вас и партнерот ќе се појават одредени несогласувања. Потребно е да имате позитивен став.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Прекинете ја соработката со деловниот партнер доколку се сомневате во неговите одлуки, не е потребно постојано да премолчувате. Во љубовта, препорака е добро да размислите пред да го повлечете следниот потег.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви се чини дека многу е тешко професионално да се истакнете, без грижа ќе дојдат и вашите пет минути. Не ви се допаѓа ставот кој саканата личност го има кон вас. Можна е сериозна расправа.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Престанете да се потпирате на среќата кога станува збор за работата. Ве очекува драстична промена на љубовен план, нормално кон подобро.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат лоши вести поврзани за некои недвижнии или земјиште. Не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој ќе ве измами кога станува збор за работа. Ќе поверувате во нечии слатки зборови и ќе си ја загрозите финансиската ситуација. Доколку личноста која е со вас не ви одговара во целост, не ја користете, кажете и го тоа отворено.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Наглите промени на финансиски план ќе направат да се чувствувате несигурно и незадоволно. Сметате дека саканото лице би требало да ве поддржува буквално во се, но размислете дека и тоа има свое мислење.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Неповолен ден за донесување на големи одлуки. Оставете ги сите важни нешта за наредната недела. Ќе делувате нервозно и несигурно, па саканото лице ќе дојде до заклучок дека нешто со вас не е во ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП