25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛејкерс плаќаат 30 милиони за „луксуз“

Лејкерс плаќаат 30 милиони за „луксуз“

la

Американската „NBA“ лига соопшти дека „salary cap“ за сезоната 2013/14 изнесува 58.6 милиони долари, а најголемиот данок на луксуз за плати Лос Анџелес Лејкерс.

„Езерџиите“ кои ова лето остана без Двајт Хауард ќе мора да платат дополнителни 29.5 милиони долари данок, поради тоа што го надминаа минатосезонскиот лимит.

Уште само пет тимови ќе платат „пенали“, шампионот Мајами (13.3 милиони), Бруклин (12.8), Њујорк (9.9), Чикаго (3.9) и Бостон (1.1). Годинешната граница за данок на луксуз (luxury tax) е 71.7 милиони долари.

Половина од овие пари ќе бидат поделени на тимовите кои не го надминаа  „salary cap“ , па секој клуб од лигата ќе добие околу 1.5 милиони долари.

Клуповите големи проблеми со данокот тек би требало да имаат, затоа што според колективниот договор од декември 2011-та година се собираат претходните години, па така следната сезона ќе ги „повлече“ и претходните две. Најголеми проблеми би требало да имаат „Нетс“ кои веќе дале околу 75 милиони долари за плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП