19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДончиќ не запира со „магијата“, Орландо ја прекина низата на Лејкерси (видео)

Дончиќ не запира со „магијата“, Орландо ја прекина низата на Лејкерси (видео)

Далас маверикс на гости со 127:123 го победи тимот на Сакраменто кингс во ноќ во која уште еднаш воодушеви нереалниот Лука Дончиќ, кој за 34 минути имаше уште еден трипл-дабл ефект.

Словенецот имаше 25 поени, 17 асистенции и 15 скока, а во победата му помогнаа Сет Кари со 21 и Тим Хардавеј со 17 поени. Кингси пак, беа предводени од Д’Арон Фокс (27 поени и 12 асистенции) и Бади Хилд (25 поени).

Маркел Фулц имаше 21 поени, 11 скока и 10 асистенции за Орландо меџик да го направи најголемото изненадување и на гости да ја прекине низата од 9 победи на Лос Анџелес лејкерс со 119:118 победа. Арон Гордон додаде 21 поен за Меџик, а по 19 имаа Вес Ивунди и Никола Вучевиќ за Орландо, кои имаа дури 21 поен предност во текот на мечот.

За Лејкерси, Квин Кук имаше 22 поени ,а Леброн Џејмс заврши со 19 поени и 19 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бостон -Детроит 103:116

Филаделфија – Бруклин 117:106

Мајами – Сан Антонио 106:100

Чикаго – Вашингтон 115:106

Минесота – Индијана 99:104

Оклахома Сити – Торонто 121:130

Денвер – Шарлот 100:86

Хјустон – Портланд 107:117

Сакраменто – Далас 123:127

ЛА Лејкерс – Орландо 118:119

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП