29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси: Ривалството со Роналдо засекогаш ќе остане во сеќавањето на луѓето

Меси: Ривалството со Роналдо засекогаш ќе остане во сеќавањето на луѓето

Капитенот на Барселона, Лионел Меси зборуваше за ривалството со поранешниот напаѓач на Реал, Кристијано Роналдо.

– Ова беше посебно ривалство и засекогаш ќе остане во сеќавањето на луѓето, затоа што тоа траеше многу години, иако одржувањето на такво ниво за толку долг период не е лесно. Покрај ова, игравме во екстремно изискувачки тимови. Реал и Барса се најдобри во светот. Изедначената борба траеше многу години. Мислам дека таа ќе остане во сеќавањето на луѓето засекогаш. Спортската конфронтација меѓу нас беше пријатна на лично ниво, и мислам дека луѓето исто така уживаа во тоа, без оглед дали се навивачи на Барса, Реал Мадрид или се неутрални.

Се разбира, кога Кристијано играше за Реал Мадрид, нашите натпревари беа посебни. Натпреварите со Реал Мадрид се секогаш важни, но со Роналдо тие беа уште посебни. Сега тоа е во минатото и ние треба да продолжиме понатаму, нагласи Меси во интервју за шпански медиум.

Роналдо го напушти Реал Мадрид во 2018 година, се пресели во Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП