20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатар ќе вложи 200 милијарди за Мундијалот

Катар ќе вложи 200 милијарди за Мундијалот

katar

Катар планира да потроши 200 милијарди долари за подготовките за Светското првенство во фудбал во 2022-ра година.

Како што пренесоа агенциите 140 милијарди долари ќе бидат наменети за изградба на транспортен систем, вклучувајќи нови аеродроми, патишта и метроа, па така очекуваните околу 400.000 навивачи без проблем би се превезувале за време на турнирот.

Следните 20 милијарди ќе бидат потрошени на туристичката инфраструктура, поради тоа што оваа земја од Заливот очекува годишно до 2022-ра година да ја посетуваат 3.7 милиони туристи годишно.

Катар ја доби организацијта на Мундијалот во декември 2010-та година победувајќи ги во изборот САД, Австралија, Јапонија и Јужна Кореа.

Ова е прилично изненадувачки избор, бидејќи налето температурата во таа земја го преминува 40-тиот целизиусов степен и ќе им биде навистина тешко, како на навивачите, така и на фудбалерите да се справат со големите жештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП