29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ со поддршка за македонските ракометари

ФФМ со поддршка за македонските ракометари

Во пресрет на утрешниот натпревар против Украина, од 1. коло на Европското првенство, македонските ракометари денес добија поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.

– Оставете ги настрана очекувањата, оставете го минатото и иднината, уживајте во моментот.
Можеби не сме фаворити како некогаш, но оваа репрезентација секогаш ја поддржуваме и за неа навиваме.
Ајде Македонија! – стои во пораката на ФФМ.

Македонската репрезентација се наоѓа во Б-групата , а покрај Украинците, противници ќе и бидат и Чешка на 12 јануари и домаќинот Австрија на 14 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП