ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска горивата поскапи од половина до еден денар за литар

Од денеска горивата поскапи од половина до еден денар за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапеа од половина до еден денар по литар. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за еден денар по литар и изнесува 68,5 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за половина денар по литар и сега ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 70,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,904 денари по килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 38,243 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 1,68 отсто и за околу 1,01 отсто кај дизелот, како и за 0,44 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП