24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо со „Глоуб“ наградата за најдобар фудбалер во 2019

Роналдо со „Глоуб“ наградата за најдобар фудбалер во 2019

Откако му „избега“ „Златната топка“, која по рекорден шести пат отиде кај лутиот ривал Лионел Меси, Кристијано Роналдо е крунисан за најдобар фудбалер во 2019 година на „Глоуб сокер наградите“ во Дубаи.

Роналдо ја добива наградата за своите 40 гола кои ги постигна за Јувентус по доаѓањето од Реал Мадрид и освоеното скудето минатата сезона, како и предводењето на Португалија до титула од Лигата на нации на УЕФА.

34-годишниот Португалец, кој исто така беше „изоставен“ од ФИФА наградата за најдобар играч, минатиот месец ја доби наградата за најдобар фудбалер во Серија А во сезоната 2018/19.

Неговиот агент, Жорге Мендеш ја доби наградата за најдобар агент, неговиот соиграч Миралем Пјаниќ доби награда за кариерата, додека Андреа Берта од Атлетико Мадрид беше именуван за најдобар спортски директор. Алисон Бекер беше прогласен за најдобар голман, Ајакс и Бенфика добија награда за најдобри фудбалски академии. Ова е 11. издание на Глоуб наградите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП