19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБанкротираше Атлетико Мадрид!

Банкротираше Атлетико Мадрид!

atletiko

Ракометниот клуб Атлетико Мадрид денеска објави банкрот и поради тоа ќе се повлече од „ASOBAL“ лигата и од Лигата на шампионите.

Во соопштението клубот истакнува дека економската криза која ја погоди Шпанија го погоди и ракометот во оваа земја, па поради тоа се доведени до ваквата ситуација.

Поддршката која клубот ја добиваше од шпанското кралско семејство не била доволна клубот да може да опстане. Па така клубот сега само формално постои и се очекува наскоро да биде згаснат.

Веста за банкротот на еден од најголемите клубови во Европа не беше големо изненадување, туку се очекуваше веќе неколку недели. Ѕвездите од типот на Балиќ, Лазаров и останатите го напуштија клубот токму поради лошата финансиска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП