ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија прави нова монета по повод Брегзит

Британија прави нова монета по повод Брегзит

Британската влада нареди изработка на нови монети од 50 пени (околу 0,58 евра) по повод повлекувањето на земјата од членството во ЕУ, кое е предвидено на 31 јануари.

Британското министерството за финансии во октомври ја прекина изработката на монети, бидејќи Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, е одложен за крајот на јануари.

Тогаш околу милион монети мораше да се стопат.

Одлуката за повторна изработка на монети пред официјален Брегзит е донесена по победата на Конзервативната партија на предвремените парламентарни избори.

Борис Џонсон и пред функцијата претседател на влада беше голем застапник на Брегзит.

Новата монета, од злато, сребро и комбинација на бакар и никел, ќе го носи датумот на Брегзит и пораката „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП