ПочетнаИНТЕРЕСНОИниеста со гол го однесе својот тим во финалето на јапонскиот куп

Иниеста со гол го однесе својот тим во финалето на јапонскиот куп

Некогашната ѕвезда на Барселона, Андрес Иниеста со гол придонесе во победата на Висел Кобе од 3:1 во дуелот против Шимизу, во полуфиналето на фудбалскиот куп на Јапонија.

Иниеста беше стрелец на првиот гол со кој Висел поведе со 1:0. Шпанскиот ветеран беше повлечен од игра во 89-та минута.

Во составот на Висел, целиот меч го одигра Белгиецот Томас Вермален, додека Лукаш Подолски кој исто така е член на клубот, остана на клупата за резерви. Во финалниот натпревар, противник на Висел ќе биде подобриот од другото полуфинале во кое се среќаваат Кашима и В-Варен Нагасаки.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП