23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈапонија: Олимписките игри чинат речиси 13 милијарди долари

Јапонија: Олимписките игри чинат речиси 13 милијарди долари

Организаторите на Олимписките игри кои се одржуваат следната година во Токио денеска објавија дека организацијата ќе ги чини 12,6 милијарди долари.

Организаторите соопштија дека трошоците се непроменети во однос на претходната година, иако силните спонзорски договори и продажбата на билетите донесоа дополнителен фонд од околу 300 милиони долари.

Меѓутоа, Националниот одбор на ревизори во Јапонија, во извештајот за парламентот на 177 страна, наведува дека организацијата на Олимписките игри ќе ги чини многу повеќе отколку што е најавено. Извештајот на ревизорите покажа дополнителни 9,7 милијарди долари поврзани со трошоците за Игрите, кои организаторите не ги вклучиле во трошоците.

Градот Токио претходно објави дека ќе потроши и дополнителни 7,4 милијарди долари на проекти поврзани со Олимписките игри. Организаторите велат дека многу од тие трошоци не се директно поврзани со Олимписките игри. Кога Токио ја доби организацијата на Олимписките игри во 2013 година, се предвидуваше дека вкупните трошоци ќе бидат 7,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП