20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМашкиот слалом во Вал д’Изер е одложен

Машкиот слалом во Вал д’Изер е одложен

Силниот ветер ги принуди организаторите да ја одложат, а потоа да ја пренесат машката трка за слалом од Светскиот куп на друга патека.

Така конечното решение е дека стартот ќе биде одложен за 90 минути и патеката ќе биде на пониска надморска височина од главниот рид каде се организираат спуштањата.

Организаторите се надеваа дека времето ќе биде подобро, а исто така објаснија дека за промената е потребен и нов час за втората рунда, при што почетокот е 60 минути подоцна од прелиминарната програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП