25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо за новиот договор на Клоп: Одлична вест за сите

Мурињо за новиот договор на Клоп: Одлична вест за сите

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го сподели своето мислење за големата вест на англискиот фудбал вчера – обновување на договорот на Јирген Клоп со Ливерпул. Германскиот стратег ќе остане на „Енфилд“ до 2024 година, а Мурињо верува дека ова е добро и за тимот од Мерсисајд и за Премиер лигата воопшто.

– Мислам дека сега сите се среќни. Јирген очигледно е задоволен што ќе ја продолжи својата работа, во спротивно не би потпишал нов договор. Во Ливерпул, секако се задоволни од она што тој го стори, во спротивно нема да му биде понудено продолжување на договорот. Навивачите го сакаат Клоп, играчите го сакаат исто. Веста е добра и за Премиер Лигата, затоа што тука ги сакаме најдобрите тренери и играчи. И Клоп е меѓу најдобрите, додаде Португалецот.

Клоп го предводи Ливерпул од 2015 година, откако претходно ја водеше Борусија Дортмунд. Германецот ја освои Лигата на шампионите со „црвените“ минатата сезона, а од стартот на сезоната е цврст лидер во Англија, откако води со 8 бода пред вториот Лестер и 14 пред актуелниот шампион Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП