20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 14-15.12.2019

Викенд хороскоп 14-15.12.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Може да ви се случи нешто да заборавите или некаде да задоцните, во секој случај некој мал пропуст е можен. Во љубовта ве очекува флерт со лице кое доаѓа од странство.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е некако лесно да дојдете до заработка или да успеете да земете пари од игрите на среќа. На слободните им се ближи почеток на нова љубовна врска, во која ќе мора да бидат посериозни.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе и бидете максимално посветени на својата работа, викендов е добар период за остварувања на овој план. Некое ново познанство во вас пробудило симпатии и радозналост.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Викендов ќе сакате да сработите се што ви заостанало и никој нема да може да ве предомисли во тоа. Во љубовта можно е од некоја причина да бидете незадоволни или разочарани и ќе ви биде тешко да се изборите со тоа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да очекувате прилика за дополнителна заработка. Пред вас е генерално поволен викенд. Во љубовта нема да ви цветаат рози, но ќе успеете некако ситуацијата да ја доведете до нормален тек, намалете ја љубопитноста.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку дадете се од себе ќе успеете да решите некои проблеми кои сте ги имале во комуникацијата со соработниците. Во љубовта ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно и се плашите да и пријдете.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да очекувате многу успешен викенд кога станува збор за работата. Со насмевка на лицето ќе ги завршите сите обврски. Ви се допаѓа личност која е многу посебна и оргинална.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој од вашите соработници многу ќе ви помогне околу тоа да постигнете деловен успех. Заблагодарете му се. На слободните ќе им се допадне некој во знакот на Лав.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате позитивен исход од било која ситуација викендов. Среќата е на ваша страна. Во љубовта сега е вистинскиот момент со саканото лице да разговарате за сериозните планови за иднина.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Патувањето во странство може да ви донесе некои нови можности на деловен план. Доколку сте слободни пред вас е многу добар период за нови нешта во љубовта.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да очекувате променлива состојба на полето за работа. Ќе биде турбулентно. Доколку сте претерано љубоморни ќе се одалечите од саканото лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некои нови деловни проекти доаѓаат накај вас, обидете се да ги дочекате подготвени. Во љубовта можете да очекувате интересна ситуација во односот со саканото лице. Ќе постојат некои силни емоции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП