ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија за уште шест месеци

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија за уште шест месеци

Шефовите на државите на ЕУ ги продолжија економските санкции за шест месеци кон Русија воведени во 2014 година по руската анексијата на Крим, соопшти Претседателството на Европскиот совет.

Одлуката е донесена на самитот на ЕУ во Брисел, неколку дена по состанокот во Париз за враќање на мирот во Украина, на кој присуствуваа украинскиот и рускиот претседател и лидерите на Франција и Германија.

Состанокот не донесе голем успех во решавањето на конфликтот, а за четири месеци е закажана нова средба во ист формат.

За пет години, економските санкции се применуваат во секторот за нафта, одбраната и руските банки. Последен пат, тие беа продолжени за шест месеци во јуни, а продолжувањето бара едногласна одлука од страна на земјите од ЕУ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП