ПочетнаЕКОНОМИЈАПознатиот моден дизајнер го купи историскиот пентхаус со поглед на Централ Парк

Познатиот моден дизајнер го купи историскиот пентхаус со поглед на Централ Парк

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани стана сопственик на целиот последен спрат на историската зграда на Менхетен со поглед на њујоршкиот Централ парк.

Според Wall Street Journal, 85-годишната модна икона има близу 300 квадратни метри простор, во кој има четири спални соби и четири купатила.

Цената на пентхаусот е 17,5 милиони долари, а претходен сопственик беше Џон Леџер од T-Mobile.

Апартманот од 1929 година беше на продажба од февруари 2018 година.

Дизајниран од познатата архитектонска компанија “Шварц енд  Грос”, a редизајниран од “Шелтон Миндел”. Апартманот е во нео-ренесансен стил со елементи на бозара.

Високите тавани и мозаиците на прозорците му даваат на просторот црковен изглед, а за тоа дополнително допринесуваат и античките лустери и вградени полици.

Меѓу многуте удобности на станот се и консиержот, фитнес центарот, игротеката за деца, перална и магацин, а посебен аспект на приказната е историјата на овој простор.

Според некои извештаи, станот некогаш бил во сопственост на магнатот Вилијам Рандолф Херст и неговата сопруга Мерион Дејвис. Архитектот на Леџер, Ли Миндел, наводно, ги пронашол нејзините иницијали врежани во каминот, како и портрет на жена која личи на Дејвис.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП